АМСМ: Задолжително носење зимска опрема, кашест снег на неколку патни правци

Сподели со своите пријатели

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на нашите дежурни екипи.

Забраните за сообраќај на тешките товарни возила на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар и  Гостивар-Стража-Кичево се уште се на сила.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато се укинува во 12.05 часот, но за овие возила се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.