68 бегалци на ПЦ Табановце сами побарале да се вратат во матичните земји

Сподели со своите пријатели

Вкупно шест бегалци од Авганистан биле транспортирани во Општа Болница Куманово од страна на тимовите на итна медицинска помош, откако истите се пожалиле на влошена здравствена состојба, јавува РЦУК во дневниот билтен за состојбата со бегалците на ПЦ Табановце.

Тројца од бегалците се вратени во Прифатниот центар, додека останатите се задржани на понатамошно болничко лекување поради сериозност на повредите.

Како што јавува РЦУК, на 22 февруари, во ПЦ Табановце од Србија биле вратени 320 бегалци со осум автобуси и тоа 82 лица од Авганистан, 74 лица од  Сирија и 160 лица од Ирак.  Во 05,00ч. со воз Куманово -Гевгелија испратени се 68 бегалци кои по сопствена желба сакале да се вратат во матичните земји преку Грција.

 Во меѓувреме, на ПЦ Табановце е извршено е тампонирање, донесен е нов контејнер, како и поставување на плочки во новите тоалети.

Приватната фирма “Анол Импекс”, како што јавува РЦУК, работи на копање на канал за поставување на водоводна мрежа и спојување на објектот со фазонски делови.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.