Највисоките 12 поени во евровизиското финале Република Македонија ги додели на својот сосед Бугарија кој, за разлика од нас, Србија и Албанија се најде во финалето.
1 поен за Шведска, 2 за Норвешка, 3 за Велика Британија, 4 за Романија, 5 за Франција, 6 за Молдавија, 7 за Данска, 8 за Австралија и 10 за Португалија.
Португалија и покрај крајно монотоната песна и едноставен настап сепак води моментално по 12 земји кои гласаа има 110 поени и е на првото место. Второто место го има Бугарија со 84 поени и трета Италија со 66.
И годинава се потврдија шпекулациите дека Португалија, Бугарија или Италија ќе бидат овогодиншените победници. Со оглед на сегашната состојба во табелата многу е очигледно дека тоа и ќе се случи.