Ѝ ја отсекол главата на младата сопруга (17) и ја шетал низ градот: Добил полесна казна оти семејството му простило

Сподели со своите пријатели

Иранецот Сајад Хејдари ја убил својата сопруга Мона Хејдари (17) и е осуден на 8 години затвор, соопштија иранските власти, а пренесе Би-би-си.

Loading...

На социјалните мрежи почнаа да кружат слики од убиец кој носи отсечена глава на жена низ градот Ахваз, откако т.н. „убиства од чест“.

Портпаролот на судот рече дека казната е блага бидејќи родителите на Мона му „простиле“ за убиството.

Нејзиниот татко претходно изјавил дека не се согласува со убиството. Мона била во брак со убиецот од 12-годишна возраст, а на само 14 години родила син.

Локалните медиуми објавија дека таа побегнала во Турција поради семејно насилство од страна на нејзиниот убиец и се вратила во Иран неколку дена пред убиството, кое се случи минатиот февруари, бидејќи нејзиното семејство ја уверувало дека ќе биде безбедна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Портпаролот Масуд Сетајеши за новинарите изјави дека Сајад Хејдари е осуден на седум и пол години затвор за убиството и дополнителни осум месеци за нападот.

Тој објасни дека пресудата е во согласност со иранскиот закон, кој го казнува убиството намерно со смрт, освен ако семејството на жртвата не му прости на убиецот.

Деверот на Мона е осуден на 45 месеци затвор за соучество во убиството, рече тој.

Loading...

Грозоморното убиство предизвика нови повици во Иран за закони насочени кон спречување на семејното насилство и заштита на жртвите.

Се зборуваше и за зголемување на минималната возраст за стапување во брак на децата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Чолаку по првата седница: Романија има функционална влада, веќе се забележуваат позитивни ефекти

Во моментов е определено на 13 години за девојчиња, иако и помладите девојчиња можат да бидат законски во брак со согласност на судот и родителите.