Ѝ дозволила на 15-годишната ќерка да се тетовира, а сега објаснува и зошто

Сподели со своите пријатели

Родителите честопати треба да се соочат со неочекуваните барања на своите деца.

Промена на бојата на косата веќе во основно училиште, пирсинг или тетовирање во средно училиште се само некои од примерите.

 

 

И додека повеќето родители имаат тенденција да ги искоренуваат ваквите желби, Дајан Регистер од Ајдахо во САД не смета дека има смисла.

Имено, таа и дозволила на својата 15-годишна ќерка да се истетовира и не и е грижа што мислат другите за тоа.

Пишувајќи за Кидспот, Дајан рекла дека документирањето на важни настани во форма на тетоважи не е нов тренд.

Таа исто така откри дека нејзината ќерка Кејтлин и објаснила дека сака да направи „многу мала, соодветна тетоважа во чест на нејзиниот татко кој починал од рак кога имала 13 години“.

 

 

Слична идеја имала и постарата ќерка на Дајан, Савана, која претходно ги истетовирала римските броеви „I IV IX“ (149). Тоа беше бројот на полицискиот знак што го носел нивниот татко.

Бидејќи овие бројки имаат подлабоко значење за нивното семејство, Дајан не сакала да застане на патот на нејзините ќерки кога тие одлучиле да се истетовираат.

За Дајан тоа била лесна одлука и не и било гајле што мислат другите за тоа. Покрај тоа, таа самата има тетоважа посветена на нејзиниот починат сопруг, пренесува The Sun.

 

 

„Ден пред да почине, барав копија од неговиот ЕКГ. На стапалото го истетовирав вистинскиот ритам на срцето, па секогаш кога ќе погледнам надолу, знам дека е со мене. Тој е дел од него што е уште жив”, рекла таа.

Leave a Reply