И покрај лошите временски услови и краткотрајниот, но пороен дожд кој вчеравечер го зафати кумановско, се одржа фестивалот на лимено-дувачки инструменти „Рома труба фест 2016“.
Loading...
[huge_it_gallery id=”412″]
По 11-ти пат во организација на уметничкото друштво „Рушит Шакир“, а под поккровителство на Општина Куманово и Министерството за култура на Република Македонија, кумановци уживаа во звукот на трубата и настапот на голем број музички оркестри од Македонија и Србија.
Ми претставува посебна чест и задоволство во мое лично име и Министерството за култура и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците во Република Македонија да го поздравам овој фестивал кој оваа година по 11 пат се случува тука во Куманово, а мене ми претставува чест што по 11ти пат сум тука – рече претставничката на Управата.
Уметничкиот директор на фестивалот, Самет Салиовски им се заблагодари на сите оние кои се заслужни за организацијата на фестивалот годинава, но и во изминатите години.
Оваа манифестација се надевам дека ќе биде меѓународна и долгорочна со повеќе денови и се надевам дека следната година ќе биде два дена – рече Салиовски.
Пред граѓаните се обрати и претставникот на Општина Куманово, Мартин Костовски кој истакна дека ова е фестивал кој зазема сериозно место на културната карта во државата и претставува добра традиција.
Loading...
Честа да го отвори фестивалот и припадна на најмладата музичка надеж во Куманово, Мартија Станојковиќ, а веднаш по неа на сцената излегоа „Џамбо Агушеви“ кои настапија првин со победникот на „Пинкове ѕвезде“, Мите Стоилков и пејачката Стојне Николова.
Во продолжение следуваа и настапите на Ферус Мустафов,г остите од Србија, оркестарот на Дарко Станковиќ, оркестарот на „Исидор Зечировиќ“, Саша Пантиќ од Пирот.
Loading...
Од македонските оркести свои настапи освен Џамбо Агушеви имаа и Уска Кан Кантуров од Берово, Кемал Асанов од Струмица и Млади таленти од Штип.