Звонко Богдан и Хари Мата Хари ќе пеат за 499 години Куманово
On:
Сподели со своите пријатели
По повод 499 години од формирањето на Куманово на 9ти и 10ти ноември ќе се одржат традиционалните концерти, но овој пат наместо еден, граѓаните ќе уживаат два вечери.
Првиот вечер на 9ти ноември на градскиот плоштад ќе настапат Кумановски тамбураши, Нино Величковски и Сандра Милковска, а ѕвезда на вечерта ќе биде Звонко Богдан.
Втората вечер се очекува кулминација на забавата кога ќе настапат и кумановските имиња Аулона Ајрулау, Бесим Мифтари, Мартинијан Кириловски, Мартија Станојковиќ, Ивона Јовановиќ и Марио Арангеловски.
Концертите се одржуваат по поводт 11ти ноември денот на ослободувањето на градот, а се финансираат од буџетот на локалната самоуправа преку Фондацијата за култура и спорт.