Здружението за планинарење и заштита на планината „Козјак 2013″ од Куманово вчеравечер во во Занаетчискиот дом го одржа Годишното собрание за 2021 година.
На собранието беше направен преглед на сите активности, планинарски акции, обуки, пошумивања, уредување на Карпински манастир, како и идни планови за тековната година.
Беа прогласени и најистакната планинарка, планинар и најмлад планинар, а беа доделени и благодарници на сите соработници на клубот.
Целата манифестација беше збогатена и со презентација на планинарска опрема кој ја има клубот, како и стручна планинарска литература.











