Во оппштеството е толку вообичаено девојка со жолта боја на коса сите да ја викаат „плавуша“, а воопшто не размислуваме дека нејзините златни прамени немаат никакви врски со бојата на небото или морето.
Исто како и ние, Англичаните и Германците за косата велат „blue“ или „blau“. Имено изразот blond потекнува од францускиот јазик, а го превземале и други европски јазици, додека Шпанците русокосите ги нарекуваат rubio.
Во контекстот на боите важно е дека тие не биле секогаш така викани и дека некогаш било важно дали косата е светла или темна или за каква нијанса точно се работи.
Така, „плав“, зборувајќи за коса, во своето постаро значење значи светол.
Придавката „плав“ некогаш во старословенските јазици значело светло или бледо и се користело во опишување на спектарот на бои од бела до златножолта.
Плав во значење модар, превземено е од баварскиот германски, а со оглед на тоа дека плава може да биде и светла, тие зборови се поклопуваат.
Затоа се повеќе е вообичаено за некоја личност со светла коса и очи да велиме дека е „плавуша“, но само кога се зборува за луѓето, односно нивните физички особини.
Иако во македонскиот јазик велиме сина боја, сепак во жаргон, но и во некои од дијалектите се користи зборот „плав“, а жаргонскиот израз „плавуша“ го користат повеќето во разговорниот стил кога сакат да кажат дека некоја личност е русокоса.