Зошто жените со жолта боја на коса ги викаме „плавуши“?

Сподели со своите пријатели

Во оппштеството е толку вообичаено девојка со жолта боја на коса сите да ја викаат „плавуша“, а воопшто не размислуваме дека нејзините златни прамени немаат никакви врски со бојата на небото или морето.

Loading...

Исто како и ние, Англичаните и Германците за косата велат „blue“ или „blau“. Имено изразот blond потекнува од францускиот јазик, а го превземале и други европски јазици, додека Шпанците русокосите ги нарекуваат rubio.

Во контекстот на боите важно е дека тие не биле секогаш така викани и дека некогаш било важно дали косата е светла или темна или за каква нијанса точно се работи.

Image by Free-Photos from Pixabay

Така, „плав“, зборувајќи за коса, во своето постаро значење значи светол. Придавката „плав“ некогаш во старословенските јазици значело светло или бледо и се користело во опишување на спектарот на бои од бела до златножолта.

Плав во значење модар, превземено е од баварскиот германски, а со оглед на тоа дека плава може да биде и светла, тие зборови се поклопуваат.

Затоа се повеќе е вообичаено за некоја личност со светла коса и очи да велиме дека е „плавуша“, но само кога се зборува за луѓето, односно нивните физички особини.

Loading...

Иако во македонскиот јазик велиме сина боја, сепак во жаргон, но и во некои од дијалектите се користи зборот „плав“, а жаргонскиот израз „плавуша“ го користат повеќето во разговорниот стил кога сакат да кажат дека некоја личност е русокоса.

Leave a Reply