Покрај огнометот, танцувањето и забавата, кои се дел од новогодишната прослава, „задолжително“ спаѓа и долната облека во одредена боја, дури и ако сте се определиле за домашна прослава во удобна и не толку гламурозна облека.
Традицијата да се носи црвена долна облека датира од средниот век, кога не била дозволена црвена облека.
Тогаш, црвената боја се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештерството. Но, и покрај суеверието, луѓето копнееле да носат црвена облека за време на темната зима, бидејќи црвената облека исто така била симбол на животот и сончевата енергија.
Така, населението, во обид да избегне казна, пронашло совршена алтернатива: тие криеле црвени крпи под слоевите облека.
Денешниот обичај да се носи црвена долна облека при влегувањето во Новата година, а кој своите симболични корени ги влече од Шпанија, е за сите оние кои сакаат да најдат љубов во Новата година.
Од друга страна, жолтите алишта ги носат ловџиите, односно оние кои сакаат повеќе пари отколку во претходната година.
Друга традиција што доаѓа од латинските земји е вадење на патните торби од плакарот како симбол за среќни патувања во иднина.