Руските и украинските сили се бореа во четвртокот за да го контролираат Чернобил, сè уште радиоактивното место на најголемата нуклеарна катастрофа во историјата.
„Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година“, рече во четвртокот украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Чернобил: Има значително зголемување на радијацијата, се постигнуваат критични вредности
Но, зошто некој би сакал нефункционална нуклеарна централа опкружена со километри радиоактивна земја.
Одговорот е географски: Чернобил е на најкратката рута од Белорусија до Киев и затоа е по логичната линија на напад на руските сили.
Со заземањето на Чернобил, велат западните аналитичари, Русија едноставно го користи најкраткиот пат за да стигне до главниот град на Украина.
„Тоа е најкраткиот пат од точката А до точката Б“, рече аналитичарот Џејмс Актон.
Објавени првите снимки од руски тенкови кај Чернобил (ВИДЕО)
„Чернобил нема воено значење“, но е на најкратката рута од Белорусија до Киев, потврди поранешниот началник на Здружениот Генералштаб на САД, Џек Кин.
Ако сакаат да го земат Киев, Чернобил е дел од планот, додаде тој.
Висок украински функционер изјави во четвртокот вечерта дека Чернобил, 110 километри северно од Киев, е под руска контрола, но американски извори не можеа да го потврдат тоа.

