Зошто треба да внимаваме на нивото на витамин Д во организмот?

Сподели со своите пријатели

Витаминот Д ја има една од клучните улоги во човечкиот организам. Учествува во многу процеси а неговата примарна функција е поврзана со одржување на здравјето на коските и забите, го зајакнува имуниот систем, ја стимулира работата на мозокот и на нервниот систем, го регулира нивото на инсулин и помага за регулирање на дијабетесот. Покрај тоа, уште е и поддршка на функцијата на белите дробови и кардиоваскуларното здравје а штити и од развој на карцином.

Loading...

Причини да конзумираме кромид секој ден

По природен пат, во организмот се создава во сончеви денови односно кога телото е изложено на директна сончева светлина. Се апсорбира преку кожата и се метаболизира во црниот дроб и бубрезите во активна форма – витамин Д3. Витаминот Д3 се врзува на јадрениот рецептор за витамин Д присутен во повеќе ткива и органи и со тоа ја остварува својата биолошка функција.

Денешниот модерен начин на живот и промените во навиките, кога поголем дел од денот го минуваме во затворени простории, со мала изложеност на сонце, доведува до дефицит на витамин Д. На тоа се надоврзува и отсуството на витамин Д во повеќето видови храна што ја консумираме.

Дали белиот шеќер е навистина толку штетен?

Дефицитот на витамин Д е многу присутен. Дури 40-60 проценти од возрасните Европејци страдаат од недостаток на овој важен витамин, што доведува до нарушување на здравјето. Со стареењето дефицитот на витаминот Д има тенденција да се продлабочува. Резултатите од бројни објавени студии кои ја истражуваат функцијата на витаминот Д, препорачаните дневни дози и посакуваните нивоа во организмот, водат до недвосмислени заклучоци за неговата важност.

Студиите покажуваат дека популацијата во сончевите земји како Шпанија и Италија, има пониски концентрации, односно повисоки стапки на недостаток на витамин Д во однос на нордиските земји. На прв поглед неочекувано, но состојбата во Норвешка, Финска и Шведска е сосема спротивна, популацијата има во просек повисоко ниво на витамин Д и покрај помалата изложеност на сончеви зраци, како резултат на исхраната богата со намирници кои се природен извор на витамин Д и праксата за суплементацијата на храната, особено млекото и млечните продукти, со овој витамин.

Еве што се случува со организмот откако ќе испиете газиран пијалак

Loading...

Ваквата состојба сугерира дека треба да се прават редовни проверки на нивото на витамин Д, со што би се утврдила потребата од дополнително внесување со суплементи.

Ваквите заклучоци и фактот дека Македонија е една од земјите со многу сончеви денови но и недоволна пракса за суплементирање на храната со витамини, е причина повеќе за проверка на нивото на витамин Д во вашиот организам. Синлаб лабораториите се акредитирани лаборатории во кои се изведуваат голем број специфични анализи, меѓу кои и анализа за одредување на нивото на витамин Д. Врз основа на резултатите од тестирањето, доколку постои дефицит на витамин Д, ќе може лесно да се коригира со суплементи и ќе се превенираат многу хронични нарушувања на здравјето.

Leave a Reply