Кога имате проблем со грлото, оваа метода сигурно ќе ви биде од голема корист. Иако веројатно веќе сте го посетиле лекарот, потребно е одредено време терапијата да започне да делува и да се чувствувате подобро.
Ако сакате побрзо оздравување, употребете ја старата метода за лечење на нашите баби со чија помош била лечена кашлицата и болка во грлото кога сме биле деца, а и која нашите лекари и ден денес ни ја препорачуваат како вистински мелем за белите дробови.
Станува збор за загреано млеко кое треба да се пие два пати на ден.
Овој напиток е познат како шербет или карамел-млеко, но како и да го нраечете, сите го делат истото мислење – ефикасно го смирува кашлањето, брзо го исфрлува секретот од грлото, а ја смирува и болката во градите и белите дробови, воедно и целиот организам.
Рецептот за овој неприкосновен мелем за бели дробови, кашлица и затворени синуси е многу едноставен.
Две или три лажички шеќер ставете во ѓезве и загрејте на шпротетот. Шеќерот бргу ќе се растопи, така да најдобро е да не се одалечувате од шпоретот затоа што може да загори. Кога ќе стане течен и ќе доби златна боја, веднаш сипете 203 децилитри млеко во ѓезвето и оставете да проврие.
Оставете малку да се разлади и пијте додека е топло. Повторете ја истата постапка и пред спиење.
Loading...