Според фен шуи поставување на огледало во спалната соба, никако не е добра идеја, а кога ќе видите зошто веднаш ќе го исфрлите.
Според древната кинеска вештина посебно не е добро ако огледалото е свртено кон креветот на кој спиете, како ни ако стои над креветот.
Не е чудно огледалото да биде токму во спалната соба, затоа што е потребно додека се облекувате. Поголемиот дел од луѓето на вградените или обични ормари ставаат големи огледала за да им биде полесно да изберат што да облечете тој ден.
Меѓутоа, според древната кинеска вештина, фенг шуи, тоа би требало да се избегнува.
Исто така поставеното огледало може да биде виновник за лошиот сон, но и за проблеми во бракот, тврдат фенг шуи експертите.
Работата е во тоа што таквата позиција на огледалото поттикнува формирање активности, а во спалната соба е потребна токму спротивната енергија – мирот.
Според фен шуи, кога бракот или врската се во прашање, огледалото свртено кон креветот повикува трета страна во вашиот однос и поттикнува прељуба.
Ако сте го насочиле огледалото кон креветот во кој водите љубов со саканата личност, таа на негативен начин ќе ја прекрши енергијата која постои измеѓу вас двајцата.
Оваа древна техника на уредување на просторот не враќа во природата, не учи како да ја сочуваме својата енергија, љубов и благосостојба. Можеме да се обидеме да го примениме, барем за некои работи кои ни се важни во животот.