Зошто сме сами во универзумот и што го чека човечкиот вид?

Сподели со своите пријатели

„Не сме сретнале вонземски живот бидејќи интелигентните општества имаат тенденција да се „избришат““, тврдат научниците – и „човечката раса би можела да биде следната“, пренесува news.sky.

Loading...

Тимот со седиште во лабораторијата на НАСА ја искористи претходната теорија за Големиот филтер за да ги објасни своите заклучоци.

Се вели дека многу други цивилизации постоеле во текот на историјата на универзумот, но биле „избришани“ со нивните сопствени постапки пред да имаат шанса да остварат контакт.

„Ние претпоставуваме дека може да чека егзистенцијална катастрофа додека нашето општество напредува експоненцијално кон истражување на вселената…“, се наведува во извештајот.

„Големиот филтер има потенцијал да го искорени животот каков што го знаеме, особено затоа што нашата стапка на напредок е директно поврзана со сериозноста на нашиот пад“, додаваат тие.

Како што наведоа, сето ова упатува на неопходното усовршување на луѓето за справување со предизвиците и методите со кои би можело да се ублажи ризикот за човештвото.

Тие ги наведуваат како некои од опасностите: удар на астероид, нуклеарна војна, пандемија, климатски промени и вештачка интелигенција.

Теоријата за големиот филтер за прв пат беше предложена во доцните 1990-ти од Робин Хансон, економист на Универзитетот Џорџ Мејсон.

Loading...