Зошто се повеќе луѓе се алергични на храна?

Сподели со своите пријатели

Бројот на луѓе со алергии на храна во Британија е двојно зголемен за десет години. Слично е и во другите индустриски развиени земји.

Loading...

Зошто е тоа така? И дали алергијата на храна може да се излечи?

Млеко, јајца, кикирики, пченица… За некои луѓе тоа е хорор опасен по живот. Многу луѓе се алергични и на лешници, соја или ракови.

Според една неодамнешна студија на Империал колеџ во Лондон, проценетиот број на нови случаи на алергија на храна во Велика Британија е двојно зголемен за десет години: од 76 случаи на 100.000 луѓе во 2008 година на 160 случаи на 100.000 луѓе во 2018 година.

Тоа е околу 1,1 отсто од населението во Обединетото Кралство кое е алергично на храна, односно повеќе од 675.000 луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во овие држави е најтешко да се добие државјанство (ВИДЕО)

Алергиите на храна не се само британски проблем.

Во 2023 година, се проценува дека осум проценти од децата и 10 проценти од возрасната популација ширум светот ќе страдаат од алергии на храна.

Повеќето од овие луѓе живеат во индустријализираните земји, во градовите.

Loading...

Што е алергија?

Во случај на алергија, имунолошкиот систем реагира на всушност безопасни туѓи супстанции со знаци на воспаление и создавање на антитела.

Оваа имунолошка реакција може да се манифестира и со осип и оток на кожата. Симптомите може да вклучуваат и гадење, треска или астма.

Понекогаш активираната имунолошка реакција е толку силна што доведува до таканаречен анафилактичен шок, а со тоа и до опасен по живот колапс на крвотокот.

Според прегледот од 2021 година, јаткастите плодови, кравјото млеко и раковите се најчестите предизвикувачи на анафилакса ширум светот.

Имајќи го предвид потенцијалниот ризик по животот од алергија на храна, истражувачите сметаат дека зголемувањето на бројот на случаи е алармантно.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали пеперутките навистинаа живеат само еден ден? (ВИДЕО)

Според една британска студија, луѓето во посиромашните области потенцијално имаат помал пристап до лекови за итни случаи кои спасуваат животи.

Како се развива алергија на храна?

Генетската предиспозиција игра улога во развојот на алергии на храна: децата на родители со алергии се изложени на поголем ризик и самите да станат алергични. Но, истражувачите се сигурни дека генетиката не може да биде сè.

На крајот на краиштата, бројот на алергии е поголем во индустријализираните, урбани животни средини отколку во руралните, поприродни простори за живеење.

Loading...

Една од причините за алергии на храна затоа може да се најде во нашиот животен стил, вели Маргита Ворм, професор по имуномодулација во алергиски болести во берлинската клиника Шарит.

Таа не потсетува дека живееме во средина со мала микробиолошка контаминација, но она што првично звучи како добра вест е всушност проблем – бидејќи микробите влијаат на таканаречените Т-клетки.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со „Ти и јас“ кумановскиот бенд „The Solution“ ќе настапи на „Макфест“ (ВИДЕО)

„Постојат многу различни подгрупи на Т-клетки. Таканаречените Т помошни клетки играат клучна улога кај алергиите“, објаснува професорот Ворм.

Тие се оние кои предизвикуваат прекумерна имунолошка реакција во случај на алергија.

„Микробите го стимулираат формирањето на Т-клетките во насока што се спротивставува на алергијата“, вели тој.

И не само што микробите се почести на руралните фарми отколку во градот, туку тие се почести и во свежата храна отколку во високо-обработената храна.

Затоа, истражувачите претпоставуваат со голема веројатност дека цревниот микробиом игра клучна улога во развојот на алергии на храна. Со други зборови, лошата исхрана не е само причина за многу болести, туку и потенцијална „порта“ за алергии.