Во време кога теретаните нудат сè и сешто, клучната разлика сè почесто не е во опремата, туку во луѓето што стојат зад тренингот. Токму тоа е причината поради која во последниот период сè повеќе кумановци се одлучуваат да тренираат со Марио Петровски и Ивана Михајловска, фитнес тренери во Jungle Gym – Куманово.

Марио и Ивана не ветуваат „чуда за 30 дена“. Наместо тоа, нивната работа е насочена кон реални резултати, без ризик по здравјето и без непотребен притисок. Тие работат со луѓе кои имаат различни цели – од слабеење по празниците, до подобрување на кондицијата, силата и целокупниот изглед на телото.

Она што ги издвојува е индивидуалниот пристап. Секој член добива програма прилагодена на своите можности, навики и темпо. Тренинзите не се само физички напор, туку и мотивација, поддршка и насока како да се создадат здрави навики што ќе траат.

Посебно внимание се посветува на оние кои подолго време не вежбале или никогаш претходно не биле дел од теретана. Кај нив, фокусот е на постепен напредок и враќање на самодовербата – нешто што, според многумина, е подеднакво важно како и губењето килограми.

По празничниот период, кога многумина се чувствуваат „изгубено“ во сопственото тело, Jungle Gym станува место каде што промената не се наметнува, туку се гради чекор по чекор, под водство на двајца тренери кои знаат што значи процес, а не само резултат.

Затоа и не изненадува фактот што сè повеќе луѓе остануваат на долг рок – не поради обврска, туку затоа што резултатите се видливи, а атмосферата мотивирачка.

Доколку имате желба и мотивација за промени, можете да се обратите на нивниот Инстаграм профил или да ги посетите во нивните простории на улицата „Доне Божинов“, веднаш над ресторна „Унико“.

Никола Ивановски

