Зошто се будите неколку минути пред вашиот аларм?

Сподели со своите пријатели

Секоја вечер ги затвораме очите и тонеме во сон. Доколку го земеме во предвид фактот дека луѓето во просек живеат 78 години, некаде околу 26 години ние поминуваме со затворени очи. Ви донесуваме неколку интересни факти за сонот кои сигурно не сте ги знаеле.

Loading...

Најпознатиот рекорд без спиење го држи 17 годишниот Ренди Гарднер од САД кој успеал да остане буден 264 часа во цел на научно истражување во 1964 година.

Постои и страв од сон кој се нарекува клинофобија, која представува интензивен страв од одење во кревет. На среќа оваа фобија е многу ретка појава.

Дали сте знаеле дека се потребни само 4 дена без сон за да почнете да халуцинирате? Сите оние кои го пробале ова можат да ви го потврдат.

Уште една мошне интересна работа е поврзана со будењето. Имено, сигурно ви се случило да се разбудите само неколку минути пред вашиот аларм. За тоа можете да се заблагодарите на малиот хормон во човековото тело кој се нарекува аденокортикотропин.

Овој хормон се смета за интерен човечки аларм кој се активира неколку часови пред будењето. Научниците сметаат дека овој хормон го припрема телото за стресни и напорни активности кои следуваат во текот на денот.

Image by Rudy and Peter Skitterians from Pixabay

Leave a Reply