Историјата покажа дека е полесно да се започне војна отколку да се заврши.
Тоа го потврди американската инвазија на Авганистан во 2001 година и Ирак во 2003 година.
Сега, рускиот претседател Владимир Путин би можел да се соочи со истиот исход во Украина.
Постои стара аксиома дека воените планови никогаш нема да ја преживеат првата средба со непријателот – ова секако се покажа точно на примерот на руските трупи во Украина.
Првиот руски напад „не беше тежок“ и „побавен од очекуваното“, опишува Ед Арнолд, европски експерт за безбедност од Институтот за Обединети кралски услуги (RUSI).
Тој посочува неколку причини за тоа.
„За време на инвазиите се прибегнува кон употреба на сила што ќе го преоптовари непријателот“, вели овој експерт.
Русија собра меѓу 150.000 и 190.000 војници на границата, но досега не ги искористи сите.
Можеби затоа што и се потребни за подоцнежните фази на инвазијата – вообичаено е армиите да ги задржат резервните сили кога ги менуваат плановите.
Според западните официјални лица, приближно половина од собраните војници биле испратени во првичниот напад.
Оваа инвазија беше дополнително комплицирана со напади од различни правци.
Чеченците тргнаа во Украина, Кадиров: Сега можеме да го заземеме Киев (ВИДЕО)
Употребата на руска артилерија и воздушни напади не беа толку интензивни колку што се очекуваше.
„Клучот е што тие се соочија со многу силен отпор од Украина и мислам дека не го очекуваа тоа“, рече Арнолд.
Затоа, тој верува дека руските воени лидери брзо ќе се прилагодат на овие пречки.
Сепак, сè уште се чини дека Русите ќе „обезбедат воени цели многу брзо“, тврди генералот Сер Ричард Беронс, поранешен висок командант во британската армија.
Првичната цел на руската офанзива е да се „скрши отпорот на украинската армија, да се собори владата во Киев и да се припои дел од Украина кон Русија“, смета генералот.
Се чини дека Русија веќе се приближи до постигнување на некои цели.
Таа напредна од југ, а руските сили сега создадоа копнена врска со Украина преку Крим, кој го анектираат во 2014 година.
Ед Арнолд го опишува како „скромна цел“.
Но, од таа позиција можам да ги опколат украинските сили кои се борат на исток.
Некои од најискусните украински војници се на линијата на фронтот, каде веќе осум години се борат против сепаратистите поддржани од Москва.
Досега се чинеше дека тие храбро се спротивставија на обидите на непријателот да ги пробие нивните линии од отцепените територии Доњецк и Луганск.
Но, ќе им биде потешко да се борат доколку бидат опколени од руските сили.
Факт е дека значителен дел од украинските вооружени сили веќе се испратени да се борат и ќе биде тешко да се преместат на друга позиција.
Русија, исто така, постигна важен напредок во Киев.
Окупацијата на главниот град е главната цел, бидејќи таму е сместена владата која раководи со одбраната на земјата.
Путин сака да ја отстрани демократски избраната влада предводена од Володимир Зеленски и да ја замени со неговиот попослушен режим.
„Ништо помалку од заземањето на Киев нема да ги задоволи руските амбиции“, вели Ед Арнолд.
Сега се поставува прашањето – колку лесно ќе се постигне?
Се чини дека руските трупи се обидуваат да го опколат градот, но веројатно ќе наидуваат на сè пожесток отпор додека ќе навлезат подлабоко.
Војната во урбаните средини често им дава предност на оние кои се бранат.
На агресорите ќе им биде потешко да маневрираат од улица на улица, каде зградите стануваат бази за оние кои го бранат градот.
И цивилите потоа можат да станат дел од силите на отпорот и потенцијални цели во исто време.
Борбата во урбаните средини е најтешката и најкрвавата форма на војување за напаѓачите и бара поголема војска.
Реката Днепар ја претставува природната граница помеѓу истокот и западот на Украина.
Ед Арнолд го опишува како „граница на инвазија“ за руските сили.
Русија: Станбената зграда во Киев ја погодија Украинци, а не ние
Ако успеат да го заземат Киев и остатокот од земјата, тогаш нема да има многу корист да продолжат да продираат на запад, смета тој.
Путин може да се надева дека отпорот ќе биде помал доколку неговата војска ја победи Украина и го освои Киев.
Иако 190.000 војници се доволни за да се изврши инвазијата, воените експерти не се сигурни дека со толку војници може да биде окупирана земја која е втора во Европа по територија.
Украина има поголема територија од Франција.
„Доколку Путин планира да ја окупира цела Украина со околу 150.000 војници, тоа може да се случи само ако населението се предаде“, изјави генералот Берон, кој командуваше со британските сили во Ирак.
Додека дел од украинското население на исток ги прифаќа Русите, секоја влада што тие би ја поставиле тешко дека би била прифатена од 40 милиони други граѓани.
Баеронс смета дека Москва има доволно воена моќ да ја порази украинската армија на крајот, но дека оваа ситуација на крајот може да се претвори во „многу упорен отпор“.
Очекувањата на Путин дека може да ја контролира целата земја може да испаднат како „резултат на голема буџетска грешка“.
Земјите испраќаат воена помош за Украина, Германија се одлучи само за шлемови
Британско Министерство за одбрана: Руската офанзива е забавена
Британското Министерство за одбрана во саботата, на 26 февруари, на третиот ден од војната, објави дека напредувањето на руските трупи е привремено забавено, веројатно како резултат на „сериозните логистички проблеми и силниот отпор на Украинците“.
„Руските сили се движат низ главните градови, оставајќи зад себе сили да ги опколат и изолираат“, напиша министероството на Твитер.
„Ограничен број луѓе од претходно позиционирани руски диверзантски групи веројатно учествувале во судирите ноќта меѓу петокот и саботата во Киев“, додаде Министерството за одбрана.
Главната цел на руската армија останува Киев, додаваат од министерството.

