Изненадните и непредвидливи реакции на телото исполнети со истовремен плач и смев, трнење на рацете и нозете, неочекувано студенило, треперење на очните капаци, сите сме го доживеале тоа.
Иако за поголемиот дел ваквото однесување на телото е енигма, современата медицина има одредени објаснувања зошто се случува такво нешто.
Трнењето на рацете и нозете е последица на лошата циркулација, односно притиснат нерв.
Промената на поможбата и движењето се најдобар начин за решавање од ваквата состојба. Меѓутоа, некогаш оваа појава може да биде посериозна и да укажува на дијабетес, лупус, мултипла склероза, поради што треба да се биде внимателен и да се побара помош од лекар доколку не се повлекува.
Истовременото плачење и смеење се јавува за време на силни емотивни моменти кои имаат ефект на дополнителна реакција. Солзите се реакција не само на тага и болка, туку и на екстремна радост. Насмевката и солзите во исто време на организмот му прават добро, затоа што го намалуваат стресот.
Треперењето на очните капаци, условно наречено е грешка во „нервна сигнализација“. Заморот, стресот и кофеинот претставуваат главни причинители на оваа појава, но и лошат аисхрана, претераното внесување на алкохол и алергиите. За среќа, оваа појава обично е небигна и минува спонатно, а се јавува затоа што на оргамизнот му „порачува“ дека, всушност му е потребен одмор.
Изненадното студенило, иако температурата е ниска, настанува поради лоша циркулација, висок притисок или лекови кои доведуваат до студени екстремитетит. И славата работа на штитната жлезда може да го успори метаболизмот до точка на која организмот не произведува доволно топлина.
На анемичните лица исто така им е постудено, затоа што не поседуваат доволно железо. За да се надокнади овој минерал треба да се јаде месо, грав и зелен лиснат зеленчук, со задолжително избегнување на цигарите, затоа што никотинот ги собира крвните садови и ја отежнува циркулацијата.