Зошто полициското возило понекогаш се нарекува марица?

Сподели со своите пријатели

Иако името „марица“, кое се користи за полициско комбе, звучи доста балкански, овој термин всушност потекнува од англискиот јазик.

Loading...

Во 19 век, црните полициски кочии биле наречени „Black Maria“ (Црна Марија) во областите каде што се зборувало англиски.

Сепак, вистинското потекло на овој прекар не е сосема сигурен и тој се раздвојува во две насоки.

 

 

Првата е поврзана со „Black Mary“, позната кобила која победила на многу трки во САД во средината на 19 век, а поради големата популарност што ја стекнала станало вообичаено црните коњи да го добијат нејзиното име.

Исто така, кај полицајците станал познат изразот „Испрати ја црна Мерија“ што се однесувало на бојата на пајтонот, но и на брзината со која требало да стигне на местото на злосторството.

Loading...

Според друга теорија, иако помалку веројатно, потеклото на прекарот е поврзано со Афроамериканката Марија Ли, која поседувала бордел во Бостон во првата половина на 19 век.

 

 

Бидејќи била многу крупна и силна, полицијата често ја повикувала да и помогне при интервенции, кога посетителите предизвикувале проблеми во борделот.

Наводно, Марија била многу ревносна, што полицијата ја повикала да помогне при други интервенции, па со тек на време полициската кочија како верен полициски асистент го добила прекарот Црна Марија.