На училиште не имаат учено дека кога нешто ќе осветлите тоа нешто добива сенка. Меѓутоа, ова е само делумно точно. Пламенот кога ќе се осветли нама сенка.
Бојата и температурата на пламенот зависат од видот на горивото кое учествува во согорувањето, што може да се забележи доколку држиме запалка во близина на запалена свеќа.
За да го проверат овој експеримент, екипата на порталот Телеграф.рс, има направено мал експеримент.
Тие земаат две чкорчиња и во нив вперуваат светло. На ѕидот јасно се гледа дека неговата сенка постои. Потоа истото чкорче кибрит го палат и повторно вперуваат светлина.
На ѕидот јасно се гледа сенка од раката и чкорчето, но сенката на пламенот кој гори е невидлива.
Но, се прашувате ли зошто?
Сенката се креира на одредена подлога, кога измеѓу подлогата и изворот на светлина ќе се најде некој објект кој блокира одреден дел од светлосните зраци. Меѓутоа, кога самиот тој објкет е извор на светлина, како пламенот, тогаш на подлогата нема сенка. Тоа е причината поради која сенката на пламенот не е видлива на ѕидот.
Кога нешто станува многу топло или се пече, тоа емитува светлина како дел од процесот на горење. И додека таа светлина која се емитува не остава сенка, многу често материјалот кој гори го прави истото.
Она што ја отежнува видливоста на оваа сенка е што пламенот сам по себе дава светлост, за да воопшто може да ја видиме сенката потребен е изворот да биде посветол од пламенот на чкорчето.