Се смета дека првото пиво било дело на древните Египќани и настанало уште пред неколку илјади години. Сепак, дури во 10 век пивото сзапочнало комерцијално да се продава.
Пиварите сфатиле дека стаклената амбалажа подолго овозможува свежина на пивото, па го полнеле во стаклени шишиња кои на почетокот биле проѕирни.
Такво решение се задржало на некое време, но се појавил проблем кога пивото започнало да добива непријатен вкус при малку подолг допир со сонец. Причината била што УВ зраците влегувале во пијалокот.
Решението било пронајдено со зелени и кафеави шишиња.
Темната боја ги блокира штетните ултравиолетови зраци и овозможива поголема заштита, па пивото го задржало својот вистински вкус.
Можеби сега се прашувате зошто се повеќе зелени, отколку кафеави?
Тоа е затоа што немало доволно кафеаво стакло по крајот на Втората светска војна, па се користело повеќе она со зелена боја. Од тогаш, зелената станала традиционална боја за пивските шишиња, иако повремено се среќаваат и кафеавите.
Денес, пиварите можат да применат УБ заштитен слој на стаклото за да го сочуваат вкусот, но поради традицијата веројатно ја задржале старата боја на шишињата.
Loading...