Зошто пингвините не можат да летаат?

Сподели со своите пријатели

1. Постојат 18 различни видови пингвини. Нив можете да ги најдете на бреговите на Нов Зеланд, Австралија, Чиле, Јужна Африка, Перу и на островите Галапагос во пределот на екваторот.

2. Тие изгледаат слатко и мило, но знаете како се вели, не суди за книгата според нејзините корици. Тие се родени ловци. Нивните клунови се остри како сечиво, а со нивните крила можат силно да замавнат доколку им се приближи натрапник. Ако се најдете во ситуација да ги набљудувате, држете се на безбедна дистанца.

3. Тие се киднапери. Доколку мајка загуби бебе пингвин, таа киднапира бебе од друга мајка.

4. Помеѓу нив постои татковска љубов. Кај нив, мајката не е таа која се грижи за бебето пингвин. Таа обврска ја презема таткото.

5. Пингвините се месојадци, кои се снабдуваат со храна преку морето. Храната која ја јадат зависи од нивниот вид. Тие можат да јадат различни морски животни како што се лигњи, риби, ракчиња и слично.

6. Најголем вид е царскиот пингвин и тој може да достигне тежина и до 35 килограми и висина од 1,1 метар. Од друга страна, најмал вид е малиот син пингвин кој може да достигне висина од 40 сантиметри и тежина од само 2 килограми.

7. Животниот век на пингвините, исто така, зависи од нивниот вид. Дивиот пингвин може да живее од 15 до 20 години. Во тој период, пингвините поминуваат 75% од времето во морето.

8. Пингвините живеат во големи групи. Овие големи групи можат да ги сочинуваат и до 1000 пингвини.

 

Loading...

 

 

Pages: 1 2