Научниците, веруваат дека извонредната пливачко-нуркачка вештина на пингвините ја чинело оваа птица можноста за летање, пренесе BBC.
На земјата некогаш шетале џиновски пингвини
Loading...
Тие проучувајќи ги другите видови морски птици дошле до заклучокот дека крилото коешто е добро за летање не може истовремено да биде добро и за нуркање и за пливање.
Илјадници пингвини угинаа од глад на Антарктикот
– Кога птицата лета и нурка, мора да ги користи крилјата за две многу различни дејствија., Биометричката хипотеза гласи дека е невозможно да се имаат крилја коишто поденакво се добри и за двете работи, вели професорот Џон Спикмен од универзитетот во Абердин.
За да ја истражат оваа теорија, научниците го проучувале блискиот роднина на пингвините, норката. Оваа морска птица, не само што физички наликува на пингвинот, туку може и да плива исто така добро, но може и да лета.
Пингвините започнаа да бегаат од Антартик (видео)
Научниците оттаму го истражиле количеството енергија со која норката го употребува во овој процес.
Сфатиле дека птицата нурка со релативна лесноти, но оти летањето силно ја заморува.
НУАЧНИЦИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Глобланото затоплување ги загрозува птиците
– Трошењето на енергијата е големо. Норката има куси крилја и мора со нив да мавта со неверојатна брзина за да се одржи во воздухот. Тоа е исцрпувачки, вели Спикмен. Затоа што троши толку енергија, норката главно лебди.
Loading...
Научниците сметаат дека токму трошењето енергија е точката којашто еволуциски одредува моментот кога некои морски птици ќе ја загубат способноста да летаат.
На следната страница прочитајте 8 факти за пингвините кои можеби не сте ги знаеле