Популарната апликација TikTok пред извесно време се најде на „целта“ на американскиот Конгрес како потенцијално опасна, бидејќи сопственик на апликација е кинеска компанија.
Loading...
Сега американската морнарица директно им забрани на сите свои членови да ја користат, и воопшто, да ја инсталираат оваа апликација.
На питомците на американските воени академии им е забрането и користење на оваа апликација.
САД ја обвинуваат „ByteDance“ која стои зад оваа апликација дека има врски со кинеските власти и собира податоци за клиентите.
TikTok стана директен конкурент на Фејсбук и Инстаграм, а досега е преземена скоро милијарда пати.