Пасошите ширум светот ги има во многу нијанси, но основни се само четири бои – сина, црвена, зелена и црна.
Како пренесува „Бизнис инсајдер“ постојат неколку причини за тоа.
Син пасош – се верува дека оваа боја ја избираат нациите „новата лига“, во која спаѓаат САД, Индија и Канада, како и јужноамериканските држави и Австралија.
Црвена – се врзува за комунизмот и исотчниот блок, па оваа боја и натаму ја имаат држватие со комунистичко минато – Кина, Македонија Србија, Летонија…
Зелена – во овој случај религијата игра главна улога. Зелената боја се врзува за муслиманскиот свет, па земјите како Саудиска Арабија и Пакистан ја бираат ова боја, додека низ афричките нации како што се Нигерија и Сенегал имаат вакви пасоши поради припадноста на Економската заедница на западноафриканските држави, чија заштитна боја е зелената.
Црна – оваа боја најмалку се користи, а освен на афричките пасоши во Замбија и Ангола, познат е и новозеландскиот пасош, затоа што црната им е заштитна боја.
Loading...