Зошто одењето на море е бенефит за вашето здравје?

Сподели со своите пријатели

Научниците потврдија дека морето нè прави порелаксирани, па дури и ја менува хемијата на нашето тело.

Loading...

Луѓето отсекогаш биле свесни за придобивките од морската вода. Дури и лекари од 18 век спроведувале терапија упатувајќи ги луѓето да пливаат во морето.

Корисниот ефект на морето врз човечкото тело е откриен одамна.

 

 

Како звукот на морето влијае на човековото тело?

Бучавата што ја емитираат брановите го намалува нивото на кортизол, хормон на стрес и придонесува за смиреност.

Тој звук нè потсетува најмногу на оној што сме го слушале додека уште сме биле во утробата на нашата мајка. Затоа се чувствуваме безбедно и среќно на море.

Loading...

Поглед на морето и човечкото тело

„Кога гледаме во морето, или кога сме покрај крајбрежјето, ние сме во предвидлива и стабилна средина“, вели неврологот Мајкл Мерцениќ.

Тој објасни дека се чувствуваме безбедно кога сме на места без закани, како што е морето.

Површината на водата што се губи на хоризонтот пренесува на нашиот мозок чувство на стабилност и безбедност.

 

 

Сончање на плажа и човечко тело

Истражувањата покажале дека кога се сончаме на плажа, топлината влијае на нашиот ендокрин систем, кој е одговорен за ослободување на ендорфин (истата хемикалија што прави да се чувствувате среќни додека јадете чоколадо).

Морето прави нашето тело и мозок да се одморат целосно

Откриено е дека морските звуци стимулираат област на мозокот наречена префронтален кортекс, која е одговорна за нашите емоции и лични рефлексии. Звуците на морето ја подобруваат самосвеста и емоционалната благосостојба.

Loading...

Брановите му помагаат на нашето тело да ги исфрли негативните јони, а телото апсорбира повеќе кислород и го регулира нивото на сертонин, супстанца што ја контролира анксиозноста. На крајот стануваме мирни, како по јога или психотерапија.