Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, побара од земјите – членки на НАТО да испратат конкретна воена помош – борбени авиони или да воспостават зона на забранети летови над Украина.
Loading...
Полска понуди авиони кои останаа од советската ера, а на кои украинските пилоти беа обучени да летаат.
Американскиот потпретседател Камала Харис се сретна со полскиот претседател Анджеј Дуда, откако НАТО ја одби понудата на Полска да ја пренесе својата флота од базата во Германија.
И САД и другите членки на НАТО веруваат дека испораката на авиони во Украина или зоната на забранети летови ќе доведе до ескалација на конфликтот со Русија.