Научниците тврдат дека ja откриле причината поради која луѓето се претвораат во социјални пушачи, кога пијат алкохол – и тоа е поврзано, пред сè со стремежот да останат будни, пишува”Индипендент”.
Истражувачите од Универзитетот на Мисури сметаат дека луѓето жеднeaт за ефектот на никотинот како стимулант при пиење, бидејќи тој помага да се компензира чувството на поспаност, предизвикано од алкохолот.
Научниците ги набљудувале ефектите од алкохолот и никотинот врз мозокот на стаорците. На следените области на мозокот, поврзани со рефлекси, учењето и вниманието, тие откриле дека никотинот ја потиснува поспаноста предизвикана од алкохолот.