Свесноста за постоење на ракот и традиционалните терапии кои се применуваат ја продолжуваат агонијата на оваа болест во просек на две години, две години исполнети со надеж и идеја дека смртта може да се спречи.
Но, научниците, за разлика од фармацевтите, се почесто го поставуваат прашањето чиј одговор можеби може да спемни многу за што не сме свесни, а тоа зошто некои имаат рак, а други не.
Би можело да се каже дека нашиот организам буквално е преплавен со смртта. Косата, ноктите, најдворешниот слој од кожата, тоа се мртви работи кои секоја недела ги губиме, отфрлуваме и кои исчезнуваат.
Сепак, клетките на организмот се многу активни и зафатени со делење на милиони пти секој ден. Секој пат кога клетката ќе се подели, ензимите кои учествуваат во синтезата во просек прават по дури 120 илјади грешки.
Многу или малку, сосема небитно, се додека не се случи клучната грешка која делува како предизвикувач на ракот благодарение на абнормалната работа на клетките, нивниот раст и непрекидната дупликација. Таквата клетка ги игнорира сигналите да престане и го стимулира телото да ја опсипува со крв за да расте. Тогаш таквата клетка бесконечно се размножува, односно ракот се шири низ телото.
Секако, клучно е и за тој тип на рак, односно грешка станува збор, затоа што кај едни тоа оди побрзо, кај други поспоро – вкупно постојат дури 200 различни типови.
И двајцата пушат, но само еден добил рак
Сите имате слушнато или познавате некој кој пушел и по три кутии цигари на ден, тетка која цел живот била гојазна и покрај тоа пие, бизнисмен кој не јаде ништо пред пет попладне освен сопствениот стрес, примери безброј и често ги користиме за изговор да продолжиме со лошите навики.
Приказната поприма подлабоки димнезии кога од рак во 50та година заболела жена која никогаш не пушела, пиела или била дебеле… Се и да пушела, зошто тогаш таа добила рак? Крајната вистина се крие во нашите гени, а не во стилот на живот. Набљудувајќи ги долгогидшните пушачи, научниците откриле дека за сите постои заедничка варијација на пеодинечни гени, а ги нарекуваат „гени на долговечноста“.
Откривме низа генетски маркети кои ја потикнуваат долговечноста, а тие исти гени можа да се најдат кај луѓето кои доживеале длабока старост. Тие функционираат така што ги потикнуваат клетките на побрзо опоравување од негативните биохемиски влијанија – објаснува проф. Меоган Левин.
Тоа се смета и за еволуциска мутација, а среќниците кои ги наследиле тие гени имаат дури 11% поголема веројатност дека некогаш во животот ќе добијат рак, додека кај остнатите таа веројатност е од 40 до 60%.
Пет работи кои дефинитивно го зголемуваат ризикот од такви грешки
И покрај добрата или лоша генетика, сепак постојат случаи кои не се вклопуваат, а тоа секако се оние предизвикани од надвошени фактори. Постојат пет кои се неоспорни причинители на мутациите, па со самото тоа и на ракот.
-
Претерано сончање, особено во млада животна доба
-
Пушење
-
Дебелеење
-
Хормонски терапии и изложеност на зрачење
-
Конзумирање на преработена храна и внесување премалку влакна
Loading...