Зошто т.н. долгорочен ковид трае толку долго, односно зошто некои кои ја прележале инфекцијата со коронавирусот со месеци по инфекцијата, сè уште имаат некои симптоми на болеста?
Според најновото истражување, долгиот ковид може да се должи на фактот дека вирусот предизвикува значителни промени во крвните клетки што може да се забележат неколку месеци по првичната дијагноза.
– Успеавме да откриеме јасни и долготрајни промени во крвните клетки, и за време на акутната инфекција, но и по нејзиното завршување – рече биофизичарот Јочен Гук од институтот Макс Планк во Германија.
Хук и неговите колеги ја проучувале крвта на испитаниците користејќи софистициран систем RT-DC кој може да анализира стотици крвни клетки во секунда за да види дали има необични промени во големината и структурата на крвните клетки на испитаниците.
Најголеми промени има кај оние со тешки симптоми
Тие ја анализирале крвта на 55 луѓе: 17 пациенти со тешки симптоми на коски (од кои половина подоцна за жал починале), 14 пациенти кои ја надминале инфекцијата со коронавирусот и 24 волонтери кои не биле заразени со ковид-19.
Преку 4 милиони крвни клетки поминале низ системот RT-DC.
Резултатите покажале дека црвените крвни клетки (еритроцити) на ковид се доста различни од оние на здрави субјекти и покажуваат знаци на нефлексибилност во физичката структура, што може да влијае на нивната способност да испорачуваат кислород.
– Физичките својства на еритроцитите се клучни за протокот на микроциркулацијата и како такви, овие промени можат да ја ослабнат циркулацијата и да ја забрзаат хипоксемијата – објасниле научниците.
– Овој синдром може да опстане кај пациенти со долготраен ковид по завршувањето на активната инфекција. Кај оние кои прележале ковид, и кои немаат симптоми на болеста, промените во фенотипот не биле толку изразени, но сепак биле присутни – додаваат тие.
Промени во белите крвни клетки
Спротивно на тоа, лимфоцитите (бели крвни клетки) кај оние со тешки симптоми на ковид-19 биле помалку флексибилни, додека моноцитите биле значително поголеми. Неутрофилите, друг вид бели крвни клетки, имале бројни промени и повеќе деформитети кај пациенти со коронавирус.
Интересно е што неутрофилите имаат многу краток век на траење, кој трае само еден ден, но промените во неутрофилите кај ковид пациенти сè уште можат да се видат неколку месеци по инфекцијата, што укажува на тоа дека инфекцијата со коронавирус може да има траен ефект врз имунолошкиот состав.
– Иако некои од овие промени се вратија во нормалните вредности по хоспитализацијата, други опстојуваат со месеци по отпуштањето од болницата, што е доказ за долгорочниот ефект на ковид-19 врз нашето тело – велат научниците.
– Постојаните промени во еритроцитите и неутрофилите можат да бидат поврзани со долгорочни симптоми на ковид кај пациенти, од кои 70 проценти имале хронична главоболка или невролошки симптоми, 54 проценти нарушувања на концентрацијата и 62 проценти проблеми со циркулацијата и тахикардија. Претпоставуваме дека трајните промени во физичките фенотипови на крвни клетки може да влијаат на долгорочно оштетување на циркулацијата и испорака на кислород, што е поврзано со ковид“, додаваат експертите.
Студија наречена „Physical phenotype of blood cells is altered in COVID-19“ е објавена во „Biophysical Journal“.