Зошто некои луѓе едноставно (не)сакаат кафе?

Сподели со своите пријатели

Мутациите кои влијаат на тоа дали сакаме кафе или не, идентификувани се по прв пат. Утврдено е дека вкусот на кафе нема никаква врска со тоа дали го сакаме, туку тоа го одредува чувството кое го имаме по пиењето на кафето.

Loading...

Ова истражување би можело да објасни и зишто некои можат да испијат кафе и веднаш потоа мирно да заспијат, додека другите не можат да спијат.

Првиот тест од овој вид со кој се тестирани геномите кои ги одредуваат преференциите кон горки и слатки напитоци покажале дека преференциите всушност не зависат од вкусот, туку од начинот на кој тие напитоци влијаат на мозокот.

 

Woman Holding Gray Ceramic Mug

 

Др. Мерлин Корнелис и нејзините колеги мапирале ДНК на 336.000 луѓе, а нивното изненадување, љубовта кон кафето, алкохолот или слатки напитоци не го предизвикал генот кој го одредува вкусот, туку била поврзана за „психоактивните“ својства на тие напитоци.

Хемикалиите како кофеин во кафето и некои други напитоци делуваат на централниот нервен систем, што пак влијае на фунциите на мозокот доведувајќи до привремени промени во перцепцијата, расположението, свеста и однесувањето.

Loading...

– Генетикат аодредува дали лицето сака кафе или не, но не врз основа на вкусот, туку врз основа на психоактивните компоненти на напитоците. Со други зборови, луѓето сакаат кафе или алкохол поради тоа како се чувствуваат по пиењето, а не поради вкусот, објаснува др. Корнелис.

 

Photo of Woman Drinking on Cup

 

Тоа објаснува зошто, на пример, вие сакате кафе или вино, а вашиот пријател ужива во чајот или нкои други енергетски напитоци.

Експертите велат дека овие сознание можеби ќе можат да помогнат во иднината во котролирањето на косумацијата на некои напитоци – засладените пијалаци се врзуваат со различни болести и здравствени проблеми. Исто така, алкохолот се врзува со повеќе од 200 различни болести.

Од друга страна, се повеќе докази има дека умереното консумирање на кафе може да помогне во спречување на развој на деменција, срцеви и друг вид болести.