Зошто некои јајца се бели, а некои кафеави?

Сподели со своите пријатели

Јајцата се една од неопходните намирници на скоро секое јадење, и тие се многумина омилена храна.

Loading...

Многумина од вас веројатно сте забележале дека јајцата се разликуваат не само по големина, туку и по боја. Значи, имаме кафеави јајца во сите нијанси, но и бели.

Која боја ќе биде јајцето зависи од видот на кокошката

– Гените на кокошката ја избираат бојата на лушпата. Имено, кокошките со бели пердуви лежат бели, а црвеникаво-кафеавите лежат кафеави јајца – објаснува Тро В. Буи генетичарка и професорка на Универзитетот Корнел во Њујорк.

Таа вели дека расата Араукан, попозната како велигденска кокошка, произведува јајца со сина нијанса.

Значи, сè е во генетиката и навистина нема разлика. Меѓутоа, ако нема разлика во вкусот, тогаш зошто тие се во различни кутии во продавниците?

Всушност, станува збор за цената на одгледување различни кокошки. Кокошките кои лежат кафеави јајца обично се поголеми, а трошоците за нивно одгледување и хранење се многу повисоки, додека белите кокошки се поприфатливи и рентабилни за производство – пишува Reader Digest.