Колку часа на ден поминувате во непосредна близина на вашиот паметен телефон?
Веројатно многу повеќе од препорачаните, а сигурно имате и навика да ги проверувате профилите на социјалните мрежи непосредно пред да си легнете, па телефонот најчесто го оставате покрај себе.
Сте се запрашале ли што му се случува на вашето тело заради ваквата близина на телефонот до вас?
Израелските истражувачи од Научниот институт Вајцман, решиле да спроведат истражување кое ќе ни објасни зошто оваа навика е неверојатно штетна.
Главната цел на истражувањето била да се измери количината на зрачење, на кое е изложено човечкото тело за време на употребата на паметните телефони.
Резултатите објавени во „Biochemical Journal“, покажуваат како само после 15 минути, мозочните клетки се подложени на промена која може да резултира со потенцијално канцерогени супстанции.
Паметните телефони би требало да бидат произведени согласно одредени стандарди за да можат да се пласираат на пазарот.
Во однос на емитираната радијација, мора да имаат ниво на SAR пониско од 1,6 на килограм, а SAR е кратенка од „Стапка на специфична апсорпција“.
Истражувањата покажале дека голем број марки имаат повисоко ниво на SAR од дозволеното и покрај тестирањата извршени во фабриките на производителите.
Најдобриот начин да се заштитите од ова негативно зрачење е да го чувате телефонот подалеку од себе, особено кога спиете.
Иако сме навикнати тој да ни биде средство за забава додека се возиме во автобус, во воз или пак, додека чекаме во долгата колона во банка, имајте на ум дека на тој начин навистина ја „убиваме“ досадата, но и сопственото здравје.