Вечерва имате љубовен состанок и сакате да се покажете во најдобро светло? Секако, поголемиот дел од жените ќе потрошат цело попладне за подготовки и дотерување, но еден дел од тој ритуал пред првиот дејт треба да се изостави.
Многу е логично дека сакате да се чувстувате пријатно во својата кожа на првиот дејт. Поради тоа многумина претходно минуваат часови во бањата, ја мијат косата и се тушираат. Меѓутоа, за успешен дејт би било најдобро да се прескокне капењето.
Секој од нас има свој специфичен мирис кој кај другата страна предизвикува позитивна или негативна реакција. И тоа е добро, затоа што така несвесно можеме да препознаеме дали некој ни одговара или не. Потта ја лачат хормоните, сексуалните трансмитери. Тие влијаат на изборот на партнерот и на тоа кој може да не „намириса“, а кој не.