Зошто не треба да се пие вода од шише кое стоело во автомобил?

Сподели со своите пријатели

Заклучен автомобил кој е паркиран на сонце во текот на топлите денови може да биде извор на неочекувана опасност.

Loading...

Имено, ако температурата е 30 степени целзиусови, а во автомобилот ќе достигне и до 45 степени и тоа за само половина час мирување. Во летните месеци пак во автомобилот може да се искачи температурата и до 70 степени целзиусови.

На такви екстремни температури не е пожелно да се седи во автомобил, но ниту да се напиете вода од шише кое стоело внатре.

Имено, студиите покажале дека пластичните шишиња при загревање испуштаат штетен бисфенол А, кој во телото го имитира естрогенот, рпедизвикува хормонална рамнотежа, а се поврзува и со многу други болести како што се гојазноста и дијабетесот.

На високи темепратури пластичната амбалажа испушта и метал антимон, кој исто така е штете за ирганизмот.

Придржувајте се до описот на декларациите па напитоците во пластични шишиња чувајте ги на ладно и суво место.