Фајненшл тајмс објави дека авиокомпаниите се под притисок од ЕУ, поради поскапувањето на билетите.
Имено, цените на авионските билети во Европа продолжуваат да растат, и тоа многу посилно од потрошувачките цени во целина, објави ACI, побивајќи ги изјавите на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA).
ИАТА, инаку, претставува околу 300 од нив, а претходно беше најавено дека цените на билетите растат побавно од инфлацијата.
Надоместоците за операторите на аеродромот се зголемени повеќе од другите услуги и производи, се вели во извештајот.
„IATA тврди дека цените на авионските билети во Европа заклучно со јуни биле само 16 отсто повисоки отколку во 2019 година, а независните и авторитативни податоци на RDC покажуваат дека порастот во најпрометните летни месеци бил 38 отсто“, се вели во соопштението на ACI Europe.
Тој нагорен тренд продолжи и во октомври, објави ACI, додавајќи дека цените на билетите, кога се резервирале три месеци однапред, пораснале за цели 47 отсто.