Зошто мед никогаш не треба да им давате на бебињата?

Сподели со своите пријатели

Ботулизам на новороденчиња е болест која се јавува кога новороденче ќе се зарази со бактерија која произведува токсин во телото. Тоа е многу опасна инфекција на цревниот тракт. Постојат сè поголеми докази дека медот може да биде причина за овој вид ботулизам.

Loading...

Медот е добро познат извор на спори создадени од Clostridium botulinum. Кога се внесуваат во организмот, овие бактерии произведуваат токсин што предизвикува ботулизам кај новороденчињата, сериозно, но за среќа ретко труење со храна. Затоа, на деца под 12 месеци никогаш не треба да им се дава мед.

Ботулизмот на новороденчињата воопшто не е безопасна болест бидејќи го напаѓа нервниот систем на бебето и во најтешките случаи дури може да предизвика смрт. Сепак, повеќето бебиња успеваат да се опорават. Најчестите знаци и симптоми на ботулизам се:

• постојан запек;

• олабавени раце, нозе и врат;

• тивко плачење заради слабост на мускулите;

• тешкотии при доењето, бебето нема моќ да црпи млеко;

• изразен замор кај новороденчиња (постојана поспаност);

Loading...

• отежнато дишење.

Спорите на ботулизам можат да се вгнездат и во некои видови храна со малку киселини, кои ние самите ги чуваме во кутии за чување храна во фрижидер, но и во сируп од скроб. Имајте го предвид тоа и избегнувајте таква храна во исхраната на вашето бебе.

Leave a Reply