Зошто мажите се несреќни кога жените повеќе заработуваат?

Сподели со своите пријатели

Промените во областа на родовата еднаквост на работното место може да доведат до незадоволство дома, односно меѓу сопружниците.

Loading...

Истражувањата покажуваат дека сопрузите се понесреќни ако нивните поубави половини заработуваат повеќе.

Едно ново истражување покажа дека мажите се чувствуваат многу подобро и пријавуваат поголемо задоволство од животот кога добиваат покачување што дополнително ја зголемува разликата помеѓу нивната плата и онаа што ја прима нивниот животен партнер, пренесува Раша Тудеј.

Тоа е феномен што ги „погодува“ мажите, бидејќи жените немаат слично чувство кога ситуацијата ќе се промени.

Британски истражувачи откриле дека мажите кои заработуваат повеќе од своите партнерки пријавуваат незадоволство од животот во 11 проценти од случаите. Процентот се зголемува драматично на 18 проценти за оние чии примања се пониски од нивните жени.

Социологот Ванеса Гаш, која е една од авторите на истражувањето, смета дека резултатите покажуваат дека идеалот за маж како оној што носи леб на трпеза е сè уште жив и посилен отколку што се мисли.

„Очигледно, мажот треба да биде оној кој заработува повеќе во бракот, за да се чувствува добро. Тоа не е случај со жените, па затоа е феномен што ги погодува мажите“, објасни д-р Гаш.

Научниците ги проучувале податоците добиени во британските домаќинства помеѓу 2009 и 2017 година.

Loading...

Leave a Reply