Интернет-страницата „Супердругар“ спроведе истражување, во кое биле опфатени повеќе од 2.000 европски и американски жени и мажи за да се дознаат вистинските причини за нивното изневерување, пренесува Your Tango.
Повеќето од анкетираните испитаници биле неверни само еднаш.
Од европска страна, 65,6% од жените и 59,8% од мажите биле неверни само еднаш, што значи дека 34,4% од жените и 40,2% од мажите биле неверни неколку пати.
Меѓу Американците, 68,2% од мажите и 59,9% од жените изневерувале само еднаш, додека 38,1% од мажите и 40,1% од жените неколкупати изневерувале.
Од оние кои тврделе дека се воздржале од неверство, 27,8% од жените и 18,8% од мажите признале дека се емотивно блиски со некоја личност надвор од нивната врска, додека други признале дека излегле како „пријатели, држејќи се за раце и се допирале“.
Само 4,4% од мажите и 3,7% од жените признале дека имаат секс со други луѓе.
Тие исто така признаваат дека бакнувањето, оралното задоволување и гушкањето се сметаат за изневерување.
Но, неверството не е само физичко. Скоро 71% од американските жени и 52,9% од мажите веруваат дека емотивната врска со друго лице е исто така изневерување.
Пријателското дружење е неверство за 43,4 проценти од американските жени и 29,2 проценти од мажите.
Неколку од најпопуларните причини за прељуба на американски жени биле тоа што нивниот партнер престанал да им обрнува внимание, партнерот не бил таму за нив и ако имаат сомнеж во врската.
Европските жени ги имале истите причини, освен тоа што нивните други причини се тоа што другата личност им била неверојатно привлечна или дека сакале да се чувствуваат секси.
Мажите ги имаа истите причини, но главната причина за нивната прељуба била затоа што другата личност била неверојатно привлечна за нив.
Исто така, една од причините била тоа што некој им се пуштал. Повеќето учесници признале дека прељубата се случила со пријател, дури 40,6 проценти од жените и 32,9 проценти од мажите.
Второто најчесто место за прељуба било на работа и на самиот крај на местото на прељуба биле баровите, клубови и ресторани.
Истражувањето покажува дека повеќето учесници всушност жалат за прељубата, скоро 71% од американските мажи и 57,8 жени. За разлика од само 56,5% од европските мажи и 58,6% од жените.