Д-р Лук Џејмс реши конечно да ја расветли мистеријата – Зошто масното ткиво на стомакот е најтешко да се изгуби?
На стомакот има голем број масни клетки кои не реагираат многу брзо на процесот на слабеење.
Постојат два вида масни клетки во човечкото тело: алфа и бета клетки.
И двата типа на клетки реагираат различно на физичката активност. Додека алфа-клетките ја подобруваат циркулацијата, бета-клетките влијаат на процесот на согорување на калориите.
Врската помеѓу алфа и бета клетките исто така може да се утврди генетски, така што некои луѓе се подложни на побрзо губење на тежината.
– Ако сте активни во однос на губење на тежината, ќе ги забележите првите промени на лицето, нозете и рацете или во регионите каде има алфа клетки. Сепак, не очајувајте, со редовно вежбање и промена на исхраната, во одреден момент ќе дојде ред на бета клетките, во просек за три месеци – рече докторот.