Зошто луѓето на на старите фотографии не се насмејани? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кога ќе ги погледнете фотографиите од дамнешните времиња ќе видите дека луѓето на фотографиите секогаш се сериозни. Едно од честите прашања кои луѓето го поставувале на „Гугл“ е: Зошто луѓето на старите фотографии не се насмејани?

Loading...

 

 

Луѓето во минатото не биле нужно депресивни, потажни или помрачни од нас. Ниту оделе околу и депримирале се околу себе, иако во тие времиња и те како имале причина за тоа.

Нивните сериозни фотографии всушност говорат нешто друго, а тоа е дека имале поразличен однос кон своите фотографии. Кога луѓето некогаш се фотографирале за нив тоа бил важен момент.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничави тајни на некогаш нејголемата ментална болница (ВИДЕО)

Фотографирањето било доста ретко и не можел секој да си го дозволи. Луѓето не се сликале секој ден, а некои тоа го правеле само еднаш во животот.

Позирањето за камера изгледало како да позираат за сликар, затоа што отприлика толку долго и траело – додека фотографот се намести, додека ги намести луѓето, додека се намести светло..

Loading...

Тогаш не постоела програми во кои можело да се исправат грешките, тие засекогаш останувале забележани на фотографиите. Но вистинските фотографи, кои би цртале портрети, можеле да си ги приуштат само најбогатите, а фотографиите и оние малку посиромашни.

Баш поради тоа луѓето доста сериозно го сфаќале тој величенствен момент кога можеби никогаш нема да можат да си го приуштат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Минале 22 дена во веселната, а на Земјата се вратиле мртви (ВИДЕО)

Денес, кога секој од нас дневно ќе направи десетина фотографии, тешко е да се сфати колку интимно значење имала некогаш секоја фотографија за оние кои се фотографирале.

Овие ненасмејани луѓе на старите фотографии веројатно се забавувале како и ние, но немале потреба тоа и да го покажуваат.