Зошто луѓето имаат различни бои на кожата? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во текот на илјадници години еволуција, пигментацијата на човечката кожа се сменила за подобро регулирање на количината на ултравиолетово зрачење што продира во кожата и ги оштетува клетките.

Loading...

 

 

Познато е дека за бојата на кожата на секоја личност одлучува уникатна комбинација на гени на предците и дека тоа е наследна одлика.

Додека клетките на некои луѓе содржат повеќе меланински пигмент, кој и дава на кожата потемна боја, кај посветлите луѓе со розова кожа, бојата варира главно поради разликата во бојата на сврзното ткиво веднаш под кожата, како и количината на хемоглобин во крвните садови.

Глобалната мапа за нивоата на пигментација на природна кожа јасно ги покажува разликите во нијансите, почнувајќи од најсветлата кај луѓето од северот на планетата, преку средните нијанси на луѓе со потекло од регионот околу 20-тата паралела (20 степени северно од екватор), до најмрачните кои претежно живеат помеѓу екваторот и 20 степени јужно, во област со постојано висок степен на ултравиолетово зрачење.

Во 2017 година, истражувачки тимови од повеќе американски универзитети објавија студија во списанието „Cell“ за гените кои ја одредуваат бојата на кожата.

Loading...

Истражувањата покажаа дека бојата на кожата е „скоро 100 проценти“ наследна и дека, генерално, релативно мал број гени одлучуваат за тоа.

Сепак, колку е поблиску до екваторот, и колку е потемна бојата на кожата, толку повеќе гени се вклучени во регулацијата на пигментацијата и секој од нив има мал придонес што дополнително ја затемнува кожата.