Зошто Куманово бил рекордер по смртноста на новороденчињата во 60те години?

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово во втората половина на шеесетите години од минатиот век била рекордер во Југославија и Македонија според смртноста на новороденчињата.

Loading...

Секоја година просечно умирале над 400 новороденчиња во првите месеци од животот. Во првото полугодие на 1967 година била забележана смртност на 203 деца што било за 10 промили повеќе од истиот период во 1966 година кога починале 186 деца.

Во тој период постоела и акциона програма за намалување на смртноста на децата од медицинските органи во општината, но очигледно истата не дала резултати.

Анализите на Медицинскиот центар укажувале дека најмногу деца умирале во селата од Липково и Куманово, во Диво насеље (денес Тоде Мендол) и Банево трло (денес Перо Чичо), кои биле регистрирани како најзагрозени реони. Тоа биле подрачја каде хигиенските и социјалните услови и здравствената култура на населението биле на најниско ниво.

Причините за таквата голема смртност кај децата била различна, но сепак на прво место било нестручното породување.

Во 1966 година од вкупно 1.319 новороденчиња, без стручна медицинска помош биле родени 659 деца, а во првите шест месеци од 1967 година 1.152 од вкупно 1.885 новороденчиња.

Како болетси од кои најчесто умирале децата биле раното детство, инфективните и дигестивните болести, болести кои се јавувале пред се поради слаба и лоша исхрана и лоши хигиенски услови.

Карактеристично било дека најголема смртност била меѓу децата од албанска и турска народност кај чие население се уште владееле конзервативни сфаќања, нестручни породувања и лоши хигиенски услови, станбени и други животни услови. Така од вкупно 203 починати деца во првото полугодие на 1967 година, 123 или околу 75 отсто биле деца од албански и турски семејства.

Loading...

Во текот на 1966 година против детските заразни болести биле вакцинирани околу 15.000 деца во Општина Куманово, во повеќе села од липковско биле отворени и здравствени пунктови во кои постојано работеле лекари и бабици, кои за жал наидувале често пати на затворени врати кај дел од населението, а во Детскиот диспанзер работело и советувалиште за мајки и деца и демонстрациона кујна која на родителите им давала стручна помош за нега, исхрана и заштита на децата. Се чинело дека мерките не биле доволно ефикасни да се спречи ширењето на детската смртност која во Куманово во шеесетите години претставуавла здравствен проблем број еден.

Извор: „Наш весник“ број 146 (среда, 1. ноември 1967. година)

Leave a Reply