Зошто Кинезите спијат еден час помалку во споредба со пред десет години?

Сподели со своите пријатели

Според Кинеското истражување за спиење за 2022 година, просечното време на спиење на Кинезите се намалило од 8,5 часа во 2012 година на 7,06 часа во 2021 година, што е намалување за 1,5 часа.

Само 35 отсто од Кинезите успеваат да спијат осум часа.

Факторите се движат од доцнење на спиењето поради игри или сурфање на интернет, преку деловни и училишни обврски до нарушувања на спиењето.

Проблеми со сонот често постојат кај мајките, студентите и работниците.

Истражувањата покажуваат дека 42,35 отсто од Кинезите работат или учат повеќе од осум часа секој ден, вклучувајќи 3,54 отсто од оние кои дури работат или учат подолго од 12 часа, што исто така може да биде причина за несоодветен сон.

Истражувањето исто така покажало дека 11,33 отсто од кинеските работници имаат навика да пијат чај или кафе секој ден, а над 60 отсто зависат од чај или кафе за да се освежат на работа.

Истражувањето, исто така, посочи дека важноста на истражувањето на спиењето мора да се подигне и дека треба да се гледа како важна мерка за менталното здравје, среќата, квалитетот на животот и социјалниот квалитет на луѓето.

Спиењето треба да биде важен показател за социјалниот развој, се наведува во заклучокот.