Во Дубровник денеска е одржана свеченост по повод вклучување на шест кинески полициски службеници во проектот „Безбедна туристичка сезона“ која од 2006. година ја спроведува хрватската полиција.
Агенцијата „ХИНА“ пренесува дека кинеските полицајци со хрватските колеги оваа сезона ќе соработуваат на три локации: Загреб, Дубровник и на Плитварските езера, а во следните години планираат во земјата да минуваат по два месеци.
Се наведува дека соработката е остварена врз основа на договорот помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Хрватска и Министерството за јавна безбедност на Народна Република Кина.