Ако некогаш сте користеле јавни тоалети, знаете дека тие нудат мала приватност. Просторот е обично тесен, а вратите не стигнуваат до подот.
Зошто се така дизајнирани? Има неколку причини, многу логични, а едната е лукаво дизајнирана.
Приказната се сведува на практичност, хигиена и цена. Во случај на проблем, лесно е да се види што се случува во кабината и дали некому му е потребна помош.
Понатаму, „скратената“ врата го олеснува чистењето. Јавните тоалети треба да се чистат почесто, повеќе пати во текот на денот, а отворениот простор помеѓу вратата и подот го олеснува тоа.
На крајот, многу е поевтино да се купи пократка врата.
Пократките врати помагаат непријатните мириси побрзо да се исфрлат. Ова ги прави јавните тоалети подносливи за сите корисници.
Овие врати не даваат чувство на приватност, па корисниците сакаат побрзо да ја завршат работата.