Според официјалните податоци, 116 војници на израелските одбранбени сили (ИДФ) се убиени во борбите во Газа од почетокот на инвазијата, што е помала од огромниот биланс на палестински жртви во Газа.
Според Министерството за здравство во Газа, од 7 октомври до вторник загинале 18.412 лица, пишува Си-Ен-Ен.
„Во овој момент, за израелската јавност, заканата од воените капацитети на Хамас е толку голема што ние сме подготвени да одиме на релативно големи жртви за да го уништиме (Хамас)“, изјави за Си-Ен-Ен експертот за безбедност и пензиониран полковник на ИДФ, Мири Ајсин.
Нејзиниот сопруг и трите деца во моментов служат во ИДФ.
„Ова не значи дека сакам да ги жртвувам моите деца“, рече таа. „Тоа значи дека не знам како можам да живеам овде ако не го уништиме Хамас.“
Веста дека девет израелски војници беа убиени во вторникот во напад во северниот дел на Газа, инцидент кој беше меѓу најсмртоносните за израелските сили од почетокот на нивната копнена операција на 27 октомври, го повреди Ајсин.
„Секогаш е тешко кога војниците се убиени, но кога ова е ниво на команда, тоа те удира во стомакот. Тоа се команданти кои командувале со стотици војници“, додаде таа.
Во соопштението во средата, ИДФ рече дека борците на Хамас „фрлале експлозиви врз војниците и пукале кон нив од станбена зграда во која била сместена и подземна терористичка инфраструктура“.
„Светот не разбира“
Додека огромното мнозинство Израелци сè уште ја поддржуваат операцијата во Газа, пензионираниот генерал на ИДФ, Израел Зив, изјави за Си-Ен-Ен дека има некои кои почнуваат да се сомневаат во начинот на кој се води војната.
„Инцидентите како овој се повици да се користат далечински мерки како што се воздухопловните сили, наместо да се испраќаат војници да се борат лице в лице во тие смртоносни урбани области“, рече тој.
Жив и Ајсин веруваат дека борбите на теренот ќе помогнат да се минимизираат цивилните жртви во споредба со воздушното бомбардирање.
Огромниот број на загинати цивили во Газа сериозно ја стави на тест меѓународната поддршка за Израел, па дури и некои од неговите најблиски сојузници повикаа на хуманитарен прекин на огнот.
Ајсин рече дека гледа растечки јаз меѓу јавното мислење во Израел и ставовите на оние надвор од земјата.
„Апсолутно чувствувам дека светот не го сфаќа тоа, тие не разбираат дека ние го гледаме како егзистенцијална закана, дека не можеме да живееме овде додека постојат воените капацитети на Хамас“, рече таа.